|
Тоа е многу често, усилено повраќање на бремена жена во првата половина на бременоста. (Инаку нормално, бремената жена до четвртиот месец има повраќање, најчесто наутро, или 2—3 пати на ден, повеќе по јадење). При хипермеза, повраќањата многу често се јавуваат, независно од земањето на храната. Поради не земање храната (за да не повраќа), или поради повраќање, болната ослабува по неколку килограми. Кожата и станува сува, испукана, (поради неподнесување и на вода), доста бледа, лицето и е испиено. Во потешки форми пулсот се забрзува, 120—140 во минута, станува неправилен. Се јавува непријатна миризба од устата. Количината на исфрлањето на мочката е намалена, таа е матна и во неа е позитивна пробата за белток, ацетон итн.
Во многу тешки случаи, покрај силното изразување на горните симптоми, се јавува и температура, потоа мозочни и нервни симптоми. До колку во овој стадиум не се прекине брзо со бременоста, може да настапи и смрт.
Лекување
Полесните форми на болеста можат да се лекуваат дома, додека другите задолжително се лекуваат во болница. На болните им се препорачува да не земаат одеднаш обилно храна, да јадат почесто по малку, да лежат 1—2 часа по земање на оброците (или да ги земаат оброците в кревет), да избегнуваат да пијат одеднаш голема количина вода, да избегнуваат многу течна храна (сува но калорична храна е за препорачување). Покрај тоа, се даваат и лекарства за смирување на желудникот и инјекции од витамини и екстракт од надбубрежна жлезда и други хормони. При тешки форми, по медицинска причина, се прекинува бременоста.
|