jagotki g.jpgЈагодите се првото сезонско овошје на нашето поднебје кое пристигнува по долгите зимски месеци.Тие се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Традиционално се применуваат во народната медицина на многу култури. Уште старите римјани ги одгледувале поради нивните лековити својства.

 

Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина на витамин  С затоа што јагодите содржат рекордно поголем процент на овој витамин во однос на јужното овошје.
Состојките во јагодите имаат моќни антиоксидантски својства.Затоа јагодите ги намалуваат последиците од воспалителни процеси во организмот, го чуваат здравјето на артериите и ги спречуваат ризиците од заболувања на срцето.Јагодите содржат фолна киселина, форма на витаминот В, неопходна за создавање на црвените крвни клетки, затоа се препорачуваат на трудници и деца во раст. Една порција јагоди  задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна киселина.

Сокот од јагоди во комбинација со малку мед ги ублажува иритациите или изгорениците од сонце на кожата.Смесата се нанесува на кожата, се остава кратко време,а потоа се измива со малку вода и лимонов сок.

Во 100 грама јагоди има 30 калории, што овозможува здрав, нискокалоричен и вкусен оброк кој придонесува за Вашето здравје. Покрај тоа, јагодите содржат и 90% вода, брзо ја гасат жедта и се идеални за одржување на витка линија, особено кај оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми.
 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0