|
Хемијата на вљубувањето
Тукушто сте ја сретнале таа толку посебна личност - срцето ви бие забрзано, рацете ви се потат, во стомакот како да ви летаат пеперутки, целото тело ви е како отрпнато и ве облеваат жешки бранови. Излегувате на вечера со него и се чувстувате како да сте на седмо небо. При разделбата се бакнувате и тоа како да ве стопува. Неколку дена по тоа не јадете, но никогаш не сте се чувстувале подобро, а освен тоа забележувате дека и настинката ви поминала.
Разни научни истражувања докажуваат дека феноменот на вљубувањето е резултат на цела серија хемиски реакции и процеси , што се одвиваат во мозокот и предизвикуват соодветни умствени и физички реакции. Според приближните определувања, во мозокот има околу 100 милијарди неврони што ја формираат неговата известувачка мрежа. Кендис Перт од Американскиот национален здравствен институт прва спровела истражување и ги открила невропептидите, низи од аминокиселини што пловат низ телото и се задржуваат каде што ќе најдат соодветни рецептори. Или, со други зборови, сите наши чувства - љубов, тагата, среќата - се резултат на биохемиски реакции. Кога англискиот научник Френсис Крик и неговите соработници ја добија Ноблеовата награда за медицина за својот труд за дешифрирањето на кодот на ДНК кој ги определува гените, тој навистина го потресе медицинскиот свет изјавувајќи: „Сите вие, вашите радости, таги, спомени, амбиции, самодовербата, слободната волја и љубовта не се ништо друго освен израз на однесувањето на големите групи нервни клетки“.
Основниот хемиски елемент, чие ослободување во организмот води до зголемување на физичките чувства на вљубувањето, е ФЕА (фенилетиламин) кој спаѓа во групата на амфетамините и го има во чоколадата. Тое е еде од хемиските елементи што го тераат вашето срце да бие забрзано, вашите зеници да се рашируваат , дланките да ви се потат и да се чувстувате како да ви летаат пеперутки во стомакот. Паралелно со ФЕА, во организмот се ослободува и адреналин, кој исто така го забрзува пулсот, ве тера да бидите на штрек и ви помага да се чувстувате прекрасно. Освен тоа, се ослободуваат и ендрофини кои го засилуваат имунолошкиот систе и ја лекуваат насинката. Кога двајца се бакнуваат, нивниот мозок прави брза хемиска анализа на плунката, од која изведува заклучоци за вашата генетска соодветност. А женскиот мозок ја истражува и состојбата на имунолошкиот систем на мажот.
Целата таа позитивна хемиска реакција објаснува зошто здравствената состојба на вљубените е подобра и зошто кај нив веројатноста да се заљубат е помала од колку кај другите луѓе. Да се биде вљубен е здраво.
|