hormoni g.jpgКако хормоните ја остваруваат својата контрола над нас

Во минатото се сметало дека хормоните имаат влијание врз организмот, но не и врз мозокот. Сега веќе знаеме дека токму хормоните го програмираат нашиот мозок уште пред да се родиме и ги диктираат нашите мисли мисли и нашрто однесување. Нивото на тестеронот кај момчињата н пубертетска возраст е 15 до 20 пати повисоко од колку кај девојчињата на иста возраст, а хормоналниот протоке регулиран и контролиран од мозокот, во согласност со потребите на телото.

Во пубертетот нивото на тестероот се зголемува во организмот на момчето, при што предизвикува нагло забрзување на растот и ја обезбедува неопходната пропорција на телото од 15 % маснотии и 45 % протеини. Постепено телото на момчето се менува физички, така што почнува да одговара на неговата биолошка предодреденост како жилава, бестувствена машина за следење и убивање на храна. Момчињата покажуваат одлични резултати во спортот зашто нивните тела хормонално се изградени така што можат да дишат ефективно и да имаат одлична распределба на кислородот, со посредство на црвените крвни зрнца, што им овозможува да трчаат, да скокаат и да се борат. Стероидите се мапки хормони што помагаат за побрзо зголемување на мускулната маса и им обезбедуваат на атлетичарите подобри “ловечки“ способности, што им дава доста неправедна предност пред оние што не употребуваат такви препарати.

Женските хормони покажуваат различно влијание врз девојчињата на пубертетска возраст. Нивното распоредување во организмот не е регулирано според потребите, како што е случај со машките хормони, и се случува во одредени бранови низ циклуси од 28 дни, нешто што навистина ги збунува илјадниците девојчиња и жени поради нивните остри придружни зголемувања и намалувања на емоционален степен. Женските хормони го менуваат телото на девојчето при што  го обезбедуваат размерот од 26% маснотии и 20% протеини, за големо жалење на жените од целиот свет. Целта на дополнителното количество маснотии е да ја обезбеди неоходната енергија за хранење и да биде еден вид прехармбена резерва ако настапат времиња на скудност. Бидејќи женските хормони придонесуваат за здебелување на телото, тие се користат и при хранењето на домашните живтни. Машките хормони ги намалуваат маснотиите и ја зголемуваат мускулната маса, поради што се несоодветни за исхрана на животните.

 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0