dieta_g_1.jpgПишува: мр. Лидија Зорба, психолог
Центар за применета психологија „Зорба Консалтинг„ - Скопје
ТЦ Лептокарија, ул. Н. Русински 3б.
е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тел: 02 3062653, 075 216617

 

Зборот - диета, има неколку значења. Ако тргнеме од старогрчкиот збор диатас -  диетата е лекување, т.е. начин на лекување. На латински, зборот - диаета, значи - начин на живот. Според медицинското значење, диетата е уреден начин на живот кој подразбира соодветна исхрана, пиење, спиење и одморање. Диета значи и исхрана приспособена кон болеста на пациентот. Диета е и негување на здравјето, особено со помош на посебна исхрана што за таа цел ја препишува стручно лице. Имајќи го предвид ова, да се држи диета не значи да се јаде малку, како што мислат многумина, туку да се држи диета значи да се живее едноставно и умерено.

 

Луѓето кои сакаат да ги намалат килограмите и да го подобрат својот изглед - држат диета. За жал, многу мал број од нив знаат како да "држат" диета. Уште помалку од нив, знаат која од безбројните диети е најдобра за нив.

Она што дополнително создава збрка кај мечтателите по вита става се бројните диети со коишто се преплавени списанијата за жени и дневниот печат. Добар дел од овие диети (иако навидум добро избалансирани) не ги даваат саканите резултати или даваат краткорочни резултати. Некои од нив се штетни за психофизичкото здравје. Истражувањата покажуваат дека честото држење диети не само што не придонесува кон тоа луѓето да се чувствуваат подобро, туку овие луѓе покажуваат понизок степен на задоволство во животот. Честото држење диети со краткотрочни ефекти, може да доведе до нарушувања во исхраната (прејадување, повраќање, гадење, губење на апетитот и слично), проблеми од психолошка природа (анксиозност, депресија, раздразливост, агресивност...) и други заболувања.
Затоа, пред да се зафатите со држење диета, полезно е да ги имате на ум следниве работи:

Подготовки за држење диета

Пред да започнете со држење одредена диета со која сакате да го подобрите вашиот изглед, добро е да направите одредени подготовки. (Диетите што на своите пациенти им ги препишуваат лекарите за време и по лекувањето на одредени болести, се специфични и овде не станува збор за такви диети.)

Зошто? Затоа што држењето диета значи делумни или потполни промени на вообичаениот начин на исхрана. Тие промени се однесуваат на намирниците што ќе ги внесувате, нивното количество, начинот на којшто ќе ги приготвувате и времето во кое ќе јадете.
Пред да размислите за тоа каква диета сакате да држите, добро е да бидете сигурни дека вашето здравје е добро. Без разлика на тоа за каква диета ќе се определите, пред да започнете со неа треба да имате јасна цел, што сакате да постигнете со диетата:

1) да ја регулирате вкупната телесна тежина,
2) да ги намалите поткожните масни наслаги,
3) да ја зголемите мускулната маса или
4) да го смените вообичаениот начин на исхрана со некој нов.
Секоја од овие цели бара соодветна диета т.е. соодветен начин на живот.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
:D:angry::angry-red::evil::idea::love::x:no-comments::ooo::pirate::?::(
:sleep::););)):0